Духови од Марс () ― американски акционен филм на ужасите од 2001 г., напишан, режиран и со музика од Џон Карпентер. Произведен е од Screen Gems и распределен од Sony Pictures Releasing. Главните улоги ги толкуваат Наташа Хенстриџ, Ајс Кјуб, Џејсон Стејтам, Пем Грир, Клеа Дувал и Џоана Касиди. Дејството е сместено на колонизиран Марс во XXII век, а филмот следи екипа од полицајци и осуден злосторник што се борат против жителите на рударска колонија, кои се обземени од духовите на првобитните жители на планетата.

Содржина 200 години во иднината, марсовска полициска единица е испратена да превезе опасен затвореник од една рударска станица назад пред лицето на правдата. Но кога екипата пристигнува, го наоѓаат градот напуштен, а некои од жителите се обземени од поранешните жители на планетата.

Улоги ГлумецУлогаНаташа Хенстриџпоручник Мелани БалардАјс КјубЏејмс „Пустош“ ВилијамсЏејсон Стејтамнаредник Џерико БатлерПем Гриркомандантката Хелена БредокКлеа ДувалБашира Кинкејд

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2001 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови