Меморијален музеј на ЦК на КП на Македонија или Спомен-куќа на ЦК на КП на Македонија — музеј и спомен-куќа во селото Горно Врановци, Македонија.

Во оваа спомен куќа бил сместен Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија во периодот септември-ноември 1944 година.

Историја

Куќата заедно со останатите спомен-куќи во Горно Врановци била реновирана и на 11 октомври 1984 година биле отворени како музеи од страна на тогашниот член на претседателството на СФРЈ, Лазар Мојсов.

Куќата е во сопственост на народниот музеј од Велес и за нејзе се грижи вработено лице од музејот.

Архитектура

Спомен-куќата има еден кат, оградена е со висок ѕид.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Горно Врановци АСНОМ