Роберт Скот Лазар (; р. Флорида, САД, 26 јануари 1959 г.) — американски писател, претприемач и конспиролог, кој тврдел дека работел како физичар и инженер на антигравитациски реактор на летечка чинија во тајниот објект „S-4“ во Невада, во близина на Област 51.
Се здобил со широка популарност во ноември 1989 г., давајќи телевизиско интервју за Џорџ Кнап на телевизискиот канал KLAS. Во следните децении, неговите тврдења биле побиени.
Тврдењата на Лазар Лазар тврди дека го запознал Едвард Телер кога работел во Лос Аламос, и дека Телер го препорачал за работа во EG&G, по што Лазар се преселил во Лас Вегас.
Исто така, Лазар тврди дека од Лас Вегас го однеле во Областа 51, каде што во хангар се наоѓале девет „летечки чинии“. Боб раскажал дека работел на една „летечка чинија“ и учествувал во експериментални летови со неа. Според него, внатре имало три нивоа, влезот водел на средното, а на горното не му било дозволено. Во „чинијата“ видел три мали седишта, кои биле едно со облогата, како да биле излеани во еден калап. Подолу се наоѓал антигравитациски реактор, кој бил непознат на Земјата, многу тежок, стабилен елемент со атомски број 115. (Во 2003 г., овој хемиски елемент бил синтетизиран во забрзувач и во 2015 г. го добил името московиум, кој има само краткотрајни изотопи.) Според Лазар, елементот 115 е метал, има портокалова боја и е гориво на уред што создава повеќе енергија отколку атомска бомба.
Боб ја мразел оваа работа поради заплашувањето, многуте тајни што не можел да ги дознае и заканите за живот. За време на одмор, тој решил да ги однесе пријателите на место во близина на базата. Ноќе, тие внимателно можеле да ги набљудуваат светлата. Меѓутоа, на крајот, стражарите ги фатиле. Боб дошол до заклучок дека мора да се појави на телевизија, поради што ќе биде потешко да го „ликвидираат“.
Критика Лазар тврди дека се стекнал со диплома на Масачусетскиот технолошки институт и на Калифорнискиот технолошки институт, но и двата институти го негираат тоа. Никој не се сеќава на него во универзитетските кампуси, го нема на ниту една слика.
Едвард Телер негирал дека некогаш го познавал Лазар. Можеби Лазар и работел во Лос Аламос, но таму има многу научници.
Администрацијата на Лос Аламос негира дека некогаш го ангажирала Боб на работа, меѓутоа, Боб водел новинари низ неа, покажувајќи сѐ како во сопствен дом.
Д-р Дејвид Л. Морган тврди дека во знаењето на Лазар има значителни празнини. Според неговите зборови, пронајдоците на Лазар се во спротивност со законите на физиката. Меѓутоа, Боб Лазар постојано ги аргументирал своите тврдења, потпирајќи се не само на сопствените истражувања, туку и на општо познати и експериментално потврдени теории.
Наводи
Надворешни врски
Interview and document repository