Плач (, ) — јужнокорејски филм на ужасите од 2016 г., напишан и режиран од На Хонг Џин, со главни улоги: Квак До Вон, Хванг Џунг Мин и Чун Ву Хи.
Филмот се сосредоточува на полицаец што истражува серија таинствени убиства и болести во едно оддалечено корејско село, со цел да ја спаси својата ќерка. Филмот имал и трговски и критички успех.
Содржина Во селцето Коксонг во Јужна Кореја, полицаецот Џонг Ку истражува необични убиства предизвикани од таинствена болест. Неговиот партнер пренесува озборувања дека еден Јапонец, кој живее во осамена куќа во планините, би можел да биде зол дух одговорен за болеста. Џонг Ку одлучува да го посети странецот заедно со својот партнер и еден млад свештеник што зборува јапонски.
Таму наоѓаат олтар со глава на коза, слики на ѕидовите од починатите заразени луѓе и стражарско куче што ги напаѓа и им го спречува заминувањето сѐ додека не пристигне странецот. Џонг Ку пронаоѓа една чевла од неговата сакана ќерка, Хјо Џин, во куќата на странецот, и набргу и таа се разболува. Неговата свекрва го повикува шаманот Ил Гванг за да ја спаси нејзината внука, додека една загадочна жена му кажува на Џонг Ку дека странецот е одговорен.
Кој би можел да биде демонот што ја носи болеста во Коксонг?
Улоги
|Квак До Вон |Џонг Ку |- |Хванг Џунг Мин |Ил Гванг |- |Ким Хван Хи |Хјо Џин
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Јужнокорејски филмови Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Филмови на корејски јазик Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Филмови за демони