мини|Португалска цистерна, Ел Џадида, Мароко Цистерна ( — „сад за вода“, старолатински: cista — „кутија“, старогрчки: κίστη — „кошница“) — затворен резервоар (сад), првично за течности, а сега и за насипни материи. Тоа е водосклад изграден во земјата, со водонепропустливи ѕидови и дно, а исто така и подземен резервоар за собирање и складирање на дождовна вода. Познати се уште од библиските и античките времиња.

Потекло лево|мини|245x245пкс|Древна будистичка цистерна, изделкана во карпите, Индија. Водоотпорни цистерни од гипс во подовите на куќите се среќаваат во неолитските села на Левантот, а кон крајот на четвртото илјадалетие пр. н. е., цистерните веќе се животоважни елементи на техниките за управување со водите што се појавувале во земјоделските општества, кои се наоѓаат во суви области.Robert Miller, „Water use in Syria and Palestine from the Neolithic to the Bronze Age“, World Archaeology, 2.3 (февруари 1980:331 – 341) стр. 334.

Во текот на средниот век во Европа, често се граделе цистерни во замоци на ридови, особено во оние каде што не можеле да се ископаат доволно длабоки бунари. Се користеле два вида: резервоарна цистерна и филтер-цистерна. Кај филтер-цистерните, водата минува низ филтер од песок и се собира во цистерната. Филтерот ја прочистува дождовната вода и ја снабдува со минерали.

Современост Во современиот македонски јазик, поимот „цистерна“ означува разновидни резервоари за превоз и складирање на најразлични течни или насипни материи. Како по правило, современите цистерни се изработуваат од метал или камен и имаат облик близок до цилиндар (вклучувајќи облик на прав кружен или елиптичен цилиндар, и др.).

Основните видови современи цистерни се:

Автоцистерни — цистерни на автомобилска шасија (камион-цистерна); Железнички цистерни — вид железнички подвижен состав, цистерни на железничка шасија (вагон-цистерна); Контејнер-цистерна (ИСО-контејнер) — мултимодална превозна единица, наменета за превоз на содржината со три видови превоз: поморски (речен), железнички и патен; Стационарни цистерни — изработени од бетон, армиран бетон, челик, алуминиумски легури и други материјали, подземни, вдлабнати и надземни складишта, кои, по правило, се опремени со уреди за контрола на состојбата на производот, уреди за полнење и празнење.

Наводи

Надворешни врски

Old House Web

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Водозаштеда Категорија:Санитарии Категорија:Водоснабдување Категорија:Латинизми