Скопски маневар — напад предводен од бригадата Жуино-Гамбета, составена од 1. и 4. полк на африкански ловци и мароканскиот пешадиски полк спахии на француската армија, командувани од генералот Жуино-Гамбета, помеѓу 24 и 30 септември 1918 година во Македонија, со цел да ја пресечат на два дела бугарската армија, веќе разбиена од офанзивата што започнала на 15 септември.
Тоа им овозможило на сојузничките трупи, командувани од генералот Франше д’Епере, да го искористат пробивот на фронтот (Битката кај Добро Поле) со тоа што се искачиле по долината на Повардарјето кон Велес и Скопје, со што ја пресекле бугарската армија на два дела и ја принудиле Бугарија да потпише примирје на 29 септември 1918 година.
Источен фронт Иако Западниот фронт останува главниот и најпознат фронт во Првата светска војна, имало жестоки битки и на други места. Македонскиот фронт е еден од нив, и иако останува спореден, неговото значење сепак е големо.
Замрзнат фронт Уште во ноември 1914, сојузничките политичари имале амбиција за истовар во Дарданелскиот Теснец. Првата поморска експедиција била испратена, но без многу успех. Нова експедиција, овој пат по копно, била спроведена, со прв контингент англо-француски војници (но исто така и австралиски и новозеландски единици) на полуостровот Галиполе, на влезот во Дарданелскиот Теснец. Истата се покажала како пропаст, војниците биле целосно покосени од отоманската артилерија. Сојузниците биле принудени да ја напуштат областа, но сепак успеале да се повлечат во Солун. Грција тогаш била неутрална земја, барем теоретски, но во стварност била поделена помеѓу поддржувачите на премиерот Венизелос, приврзаник на Тројната Антанта (Франција, Русија, Британско Царство) и оние на кралот Константин I, поддржувач на Централните сили. лево|мини| 1. Полк африкански ловци во Фарсале во јуни 1917. Експедициските трупи станале Армија на Ориентот, а Солун станал огромен утврден воен логор, под постојана закана од германските, австроунгарските и бугарските армии. Дури во 1918 година се случила големата офанзива.
Во текот на 1917 година, генералот Гијома напорно работел на обука на војниците и, пред сè, на спречување на брановите смртоносни епидемии. Во исто време, тоа придонело за создавање меѓусојузен генералштаб, доволно силен за донесување брзи и ефикасни одлуки. Покрај тоа, Грците на крајот влегле во судирот на страната на Сојузниците. Дошло време за повторно освојување.
Продолжувањето на војната во движење Во јуни 1918 година, генералот Гијома бил повикан во Париз и бил заменет од генералот Франше д’Епере, кој ја продолжил програмата составена од неговиот претходник и ја подготвил балканската офанзива.
На 15 септември 1918 година, со договор меѓу англиската и италијанската влада, Франше д’Епере ги отпочнал активностите на сојузничките армии за повторно освојување на Балканот. На исток, англиските и грчките војници нападнале кон Бугарија (Вардарска долина). Во средината, Французите и Србите, напредувајќи брзо, ги освоиле сите свои цели. Откако пешадијата го пробила германско-бугарскиот фронт кај Добро Поле, африканската коњаничка бригада под команда на генералот Жуино-Гамбета, вечерта на 21 септември 1918 година, навлегла во непријателската заднина. Во очекување на стратешки маневар, врховниот командант ја собрал и подготвил оваа коњаница во подрачјето на Битола. Коњаницата била опремена со најдобрите воени коњи, арапските берберски коњи. Француските коњаници обучени во Алжир и мароканските коњаници, кои учествувале во Источниот поход, исто така биле меѓу најдобрите воени коњаници што Франција ги вклучила во своите бројни походи.
Една од најпознатите епизоди од оваа офанзива останува последниот коњанички напад на француската армија. Коњичката бригада составена од 1. и 4. полк на африкански ловци и Мароканскиот пешадиски полк на спахиите, успешно извршиле напад на речиси 80 километри широк фронт, низ планинските венци на Македонија, на надморска височина од повеќе од 2 000 метри. Потоа бригадата се приближила кон својата цел, Скопје, главно железничко и комуникациско средиште на германско-бугарскиот непријател..
Скопска битка мини| Напредокот на бригадата Жуино-Гамбета, Битола, Прилеп, Ниш до Дунав, одоздола нагоре. По неговото пристигнување во Солун во текот на јуни 1918, генералот Франше д’Епере на располагање имал армија спремна за дејство.Во септември 1918 година, Сојузничките армии на Истокот под команда на генералот Франше д’Епере се состоеле од речиси 670.000 луѓе, вклучувајќи 210.000 Французи (8 дивизии: 30-та дивизија, 57-ма дивизија, 76-та дивизија, 122-ра дивизија, 156-та дивизија, 11-та дивизија, 16-та дивизија, 17-та дивизија); 157.000 Грци (9 дивизии); 138.000 Британци (4 дивизии); 119.000 Срби (6 дивизии); 43.000 Италијанци. Соочени со овие трупи, под команда на генералфелдмаршалот Август фон Макензен, се бореле 550.000 луѓе од бугарската армија, 18.000 Германци, 25.000 Турци и австроунгарски корпус. Тој размислувал за смел план за дезорганизација на спротивниот фронт. Целта на избор е Градско: логистичка база на раскрсницата на долините на Црна и Вардар. Следниот чекор е да се спречи повлекувањето на непријателот со тоа што ќе се продолжи со него. Нападот бил закажан за 14 септември 1918 година. На 24 септември 1918 година паднало Градско. Германско-бугарските единици можеле да се повлечат само преку Скопје. Франше д’Епере одлучил да ја искористи коњаничката група на генералот Жуино-Гамбета за да го престигне непријателот со цел да го освои Прилеп, а потоа и Скопје.
Од крајот на август, генералот Жуино-Гамбета и неговата коњаничка група, составена од 1. и 4. полк на африкански ловци на чело со потполковниците де Лепинас де Бурназел (кој е татко на капетанот Анри де Бурназел, херој на мирот во Мароко) и Лабов, и пешадискиот полк од марокански спахии на потполковникот Жесперо, се подготвени да напредуваат од јужното подрачје на Лерин. Походот почнал на 20 септември, стигнуваат во Битола и на 22 септември во Прилеп. Напредувањето им го отежнувала тоа што немало комуникациски патишта и уништувањето што го извршиле непријателите. За да стигнат до Скопје што е можно побрзо, Жуино-Гамбета одлучува да помине преку планината Голешница, која се сметала за непристапна. За да го направат ова, војниците ги имале само тоа што било натоварено на коњите и се движеле пеш покрај своите коњи, сето тоа при неподнослива жештина преку ден и силен студ ноќе. Тие стигнале до последното село пред Скопје на 28 септември во 22 часот. Војниците биле исцрпени, но свесни дека победата кај Скопје би го запечатила конечниот пораз на германско-бугарскиот непријател на Балканот.
Следниот ден започна офанзивата: трите коњанички полка нападнале истовремено од три страни. Утрината, спахиите и африканските ловци нападнале, на големо изненадување на непријателот. Брзо, патот до Калканделен е пресечен и станицата е преземена околу 9:30 часот. Секоја ескадрон презел иницијатива при првата можност, заземајќи логистички депоа, добиток, дури иако 1. полк африкански ловци наишол на тешкотии со бугарски конвој придружуван од пешадиски баталјон. 4. полк ловци бил испратен по должината на оската на долината на Повардарјето каде што се соочил со пешадија поддржана од оклопен воз. Сепак на крајот го принудиле непријателот да се повлече, а оклопниот воз, која се повлекувал кон градот, била заземен од француската коњаница на самото место. Градот конечно бил освоен..
Предупреден за бегството на непријателските сили кон исток, Жесперо сметал дека е потребно да се малтретира непријателот насекаде, па потоа испратил два ескадрони спахии во потера по нив. Благодарение на овие акции, непријателските трупи биле во целосен хаос. И покрај сè, други непријателски сили напредувале кон градот од југ. Коњаницата, премалкубројна, не можела да издржи долго, па генералот Анри, командант на француската армија на Истокот, решил да го испрати пешадискиот одред на генералот Трание за да и помогне на коњаницата. На овој начин француските сили ги зајакнале своите позиции и спречиле какво било повлекување за 11. германска, па таа мора да капитулира.
Последици од победата Победата кај Скопје довела до потпишување на бугарското примирје на 30 септември 1918 година во 10 часот. Разбирајќи го значењето на настаните, бугарскиот цар му телеграфирал на Вилхелм II Пруски: „Катастрофата на Македонија ќе биде несреќа за сите нас“.
Бугарија неутрализирана Иако продолжувањето на офанзивата на Источниот фронт било успешно, првично било предмет на многу сомнежи. Голем скептицизам владеел меѓу сојузниците, особено меѓу Британците кои, изгорени од неуспехот на Дарданелите во 1915 година, почнале да ги повлекуваат своите единици. Генералот Гијома, отповикан од Источниот фронт и заменет од Франше д'Епере, успеал да ги убеди британската и италијанската влада благодарение на својата сила на убедување и својот ентузијазам. Офанзивата започнала на 14 септември 1918 и Скопје било заземено на 29 септември 1918 година. Наредбите дадени на коњаничката група изгледале неодговорно, дури и нестварно, па кога била објавена оваа победа, во Генералниот штаб се случила експлозија на радост. При оваа победа биле зарони на повеќе од 70.000 војници и нивната опрема.
По потпишувањето на примирјето, Бугарите морале да се демобилизираат и да им го предадат тешкото вооружување на сојузниците. Покрај напуштањето на окупираните територии, тие биле обврзани да ги отворат своите пристаништа за сојузничките бродови. Овие услови обезбедиле неутрализација на Бугарија. Загубата на овој сојузник ја направила воената ситуација на Централните сили на Балканот неодржлива.
След на операциите По оваа победа, за сојузниците можностите се големи: да се врши притисок кон исток и кон Турција или на север и кон Унгарија. За Франше д’Епере, потребно било да се избегне какво било консолидирање на непријателот и да се продолжи со напредувањето и покрај огромниот замор на трупите. Затоа сојузничките трупи продолжиле да ги гонат германските и австриските единици што се повлекувале. Сепак, плановите на генералот биле попречени од повторното појавување на внатрешни судири во рамките на коалицијата. Победата и приближувањето кон крајот на војната ги разбудиле поединечните интереси на Италијанците и Британците. Вторите, потпомогнати од Грците, ја воделе офанзивата против Турција, додека напредувањето кон север главно го вршеле српските и француските единици.
На изненадување на сите, сојузниците успеале да стигнат дури до Дунав. Како претходница на српската армија била бригадата на генералот Жуино-Гамбета, која напредувала од Северна Грција до Дунав. Откако го освоила Скопје, таа поминала 800 км на коњи за пет недели, снабдувајќи се само од српското население.
Централните сили повеќе не биле во можност да го обноват Јужниот фронт. Дополнително дестабилизирана од италијанската офанзива, Австроунгарското Царство потоа потпишало примирје на 3 ноември 1918 година (ефективно 4 ноември 1918). Германскиот фронт попуштил на запад, а операцијата што во мигот се подготвувала против Берлин била откажана, германското примирје било потпишано на 11 ноември 1918 година.
Почести По овој вооружен подвиг, мароканскиот спахиски пешадиски полк бил споменат во наредбите на Армијата, како и на 1. и 4. ловци на Африка, а бојниот натпис Скопје 1918 се припишува на знамињата на трите полка.
Аристид Бријан пишува во својот предговор на делото на Жуино-Гамбета, во врска со заземањето на Скопје во септември 1918 година од страна на коњаничката бригада Жуино-Гамбета: „Јавањето на вашите коњаници до Ускуб е величествен еп. Мира не би го сторил тоа подобро.“
Победата кај Скопје се одбележува секоја година на церемонија од страна 1. спахиски во Валанс. Таа е исто така почестена од 58 промоција на Военото училиште за комбинирано оружје, именувано по оваа битка за време на Триумфот 2019. По овој повод, Офицерскиот музеј претстави изложба за овој малку познат подвиг на оружје . .
Поврзано Скопје Македонија во Првата светска војна Бугарија во Првата светска војна