„Паднато лисје“ (фински: Kuolleet lehdet) – филм на режисерот Аки Каурисмеки (Aki Kaurismäki) од 2023 година. Каурисмеки е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Алма Појсти (Alma Pöysti), Јуси Ватанен (Jussi Vatanen) и Алина Томников (Alina Tomnikov). Директор на фотографијата е Тимо Салминен. Оваа романтична комедија е четвртиот дел на работничкиот циклус на Каурисмеки. Филмот се натпреварувал во службената конкуренција на Канскиот филмски фестивал, каде ја освоил наградата на жири-комисијата.Vječni ciklus komedije: Palo lišće, finsko-njemački film (пристапено на 27.5.2025)

Синопсис Анси и Холапи се двајца осамени луѓе кои една ноќ случајно се среќаваат во Хелсинки и се обидуваат да ја пронајдат првата, единствената и најголемата љубов на своите животи. Нивниот пат кон целта е отежнат од алкохолизмот на Холапи, од загубените телефонски броеви, од тоа што не ги знаат меѓусебните броеви и адреси и од општата склоност на животот да им поставува пречки на оние кои ја бараат среќата....

Наводи

Категорија:Фински филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови на фински јазик Категорија:Филмови од 2023 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Хелсинки Категорија:Филмови на Аки Каурисмеки Категорија:Филмови со Алма Појсти Категорија:Филмови со Јуси Ватанен Категорија:Филмови со Алина Томников