Месен народен одбор Кален ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Историја Месниот народен одбор Кален бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Кален, Кокре и Пештани. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кален не претрпел територијални промени. МНО Кален тогаш припаѓал во Прилепската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кален бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Дуње.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Кален имал 624 жители, односно вкупното население на Кален, Кокре и Пештани. Од таа бројка, 619 биле Македонци, додека 5 биле Роми.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Кален Кален Кален Категорија:Мариовска Околија Категорија:Прилепска Околија