Ванѓел Самарџиќ (Воден, – Скопје, ) — македонски градежен инженер, архитект и политичар, градоначалник на Град Битола за време на Кралството Југославија.
Животопис Самарџиќ е роден на 1 декември 1892 г. во градот Воден, Егејска Македонија, во семејството на Јован (трговец) и Катерина (домаќинка). Дипломирал на Градежниот отсек при Техничкиот факултет во Белград во 1921 г. Во 1921–1926 г. бил вработен во градежната секција при Министерството за градежништво во градот Битола.
Од 1927 до 1941 г., како сопственик на градежната фирма „Гранит“, се занимавал со проектирање и изведба на повеќе индивидуални семејни куќи, меѓу кои и куќата на адвокатот Атанасие Сотировиќ. Во 1930 г., заедно со своето претпријатие, ги проектирал рабниците на потегот од хотелот „Босна“ до р. Драгор. Учествувал и во инфраструктурната обнова на Широк Сокак.
Од 1934 до 1935 година, Самарџиќ служел како претседател (градоначалник) на Општина Битола. Во тој период реализириал повеќе значајни зафати, меѓу кои Градскиот парк, уредување на приодите до железничката станица, уредување на германските воени гробишта и други проекти. За последниот зафат е одликуван со орден „Железен крст“ од страна на германската влада.
По крајот на Втората светска војна учествува во обновата на железниците и мостовите низ Македонија. Во 1946 г. се вработил во ГП „ФЕГРАП“, каде што раководел со изведбата на ХЕЦ „Сапунчица". Од 1948 до 1955 г. работел во ГП „Бетон“, кога раководел со изведбата на цементарниците „Шар“ во Генерал Јанковиќ (1948–1952) и „Усје“ во Скопје (1952–1955), а од 1955 до 1957 г. работел во станбената задруга „Нов дом“. До неговото пензионирање работи во службата за надзор во Заводот за станбена изградба на Град Скопје. Починал во 1986 г.
За својата плодна стручна дејност добил повеќе општествени признанија и награди.
Поврзано
Список на градоначалници на Општина Битола
Наводи
Забелешки
Категорија:Македонски градежни инженери Категорија:Македонски архитекти Категорија:Градоначалници на Општина Битола