Франкенштајн () — игран, темно-фантастичен готски филм од 2025 г., на американскиот режисер Гиљермо дел Торо. Главните улоги во филмот ги толкуваат Оскар Ајзак, Џејкоб Елорди и Мија Гот.
Филмот ја имал својата светска премиера во главната конкуренција на 82. венецијански меѓународен кинофестивал на 30 август 2025 г. Потоа следело ограничено прикажување во киносалите на 17 октомври 2025 г., додека светски бил достапен преку Netflix на 7 ноември 2025 г.
Содржина Книжевна основа за сценариото послужил готскиот роман на Мери Шели, „Франкенштајн“ (англ. Frankenstein).
Негов главен лик е научникот по име Виктор Франкенштајн, кој создава вештачки човек (или чудовиште), но подоцна се откажува од него. Поради тоа, безименото чудовиште почнува да го прогонува својот творец.
Улоги
|Џејкоб Елорди |чудовиштето на Франкенштајн |- |Оскар Ајзак |Виктор Франкенштајн |- |Мија Гот |Елизабет Лавенца |- |Кристоф Валц |Хенрих Харландер |- |Феликс Камерер |Вилијам Франкенштајн |- |Лорен Колинс |Клер Франкенштајн |- |Ларс Микелсен |капетан Андерсон |- |Дејвид Бредли |слепиот човек |- |Берн Горман |Фриц |- |Чарлс Денс |Леополд Франкенштајн |- |Ралф Ајнесон |професор Кремпе
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Оригинални филмови на Netflix Категорија:Американски научнофантастични филмови