Атанас Димитров Ченгелев (Ченгелов) е бугарски просветен деец, директор на Солунската бугарска машка гимназија,„История на България – електронно издание“, ИК Труд педагог, специјалист по тутун. Тој е првиот Бугарин експерт по тутун со вишо агрономско образование.„Учени и дейци в селското и горското стопанство в България“ (родени 1814 – 1920 година), Научно селскостопанско историческо дружество в България, „ЕВРОПРОСВЕТА“, Издателство „Земя“, стр. 345. ISBN 954-8345-40-4

Биографија Атанас Ченгелев бил роден на 30 август 1867 година во село Плевна, Драмско, во семејството на чорбаџи Димитар Ченгелев (Ченгенеолу). Атанас завршил основно образование во 1879 година во бугарското училиште во родното село. Ја завршил Софиската класична гимназија во учебната 1885/1886 година.„Учени и дейци в селското и горското стопанство в България“ (родени 1814 - 1920 година), Научно селскостопанско историческо дружество в България, „ЕВРОПРОСВЕТА“, Издателство „Земя“, стр. 344. ISBN 954-8345-40-4 Во 1888 година завршил агрономство во земјоделската академија во Табор, Чешка.Танчев, Иван. Българската държава и обучението на българи в чужбина (1879-1892), София 1994, стр. 128. Во 1897 година влегол во управниот совет на новосоздаденото Бугарско благодетелно братство „Милосрдие“ во Солун. Истата година станал учител во Солунската бугарска машка гимназија.

Меѓу 1897 и 1899 година Ченгелев бил директор на Солунската бугарска машка гимназија„Пламъкът на солунския светилник“ юбилеен сборник, Народна просвета, София, 1970, стр. 293., а во 1905 година бил ранет од грчки андарти. На 1 септември 1899 година е назначен во Битолската бугарска класична гимназија, каде што предавал хемија.

Наводи

Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија