Слободан Давидовски (13 декември 1924 – 11 јули 2008) бил македонски правник и кривичен судија од Скопје.
Ран живот и образование Роден е во селото Волковија - Тетовско. Правното образование го стекнал во Скопје и Белград, со одличен успех.
Судиска кариера По завршувањето на студиите работел како Виши инспектор во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи.
На ден 23 април 1970 година, од страна на Собранието на СР Македонија, бил избран за судија на Окружниот суд во Скопје. Работел како истражен судија - во прв степен.
Поради постигнати резултати и успешна работа, на ден 27 ноември 1978 година со одлука на Собранието на СР Македонија повторно бил реизбран за судија во Окружниот суд во Скопје, сега веќе во втор степен.
На ден 31 јануари 1985 година бил разрешен од функцијата судија поради исполнување на условите за пензија, со важност од ден 31 декември 1984 година.
Одликувања Слободан Давидовски бил одликуван со државното признание Орден на заслуги за народ со сребрени зраци за особени заслуги и постигнати успеси во работата.
Личен живот Неговиот син, Момчило Давидовски, бил судија во Општинскиот суд Скопје II - Скопје, каде што работел на кривично-правна проблематика се до 1981 година.
Смрт Починал во Скопје на ден 11 јули 2008 година, на 83-годишна возраст.
Многу негови колеги го паметат како посветен и принципиелен правник, кој оставил трага во судската практика на Македонија.
Извори
Службен лист на СФРЈ, 23 април 1970 година Службен весник на СР Македонија, бр. 06-2774 од 27 ноември 1978 година Службен лист на СФРЈ, 10 септември 1970 година Службен весник на СР Македонија, 31 јануари 1985 година Категорија:Македонски правници Категорија:Правници Категорија:Македонски судии