Езерото Карум (исто така познато како езеро Асале) — солено езеро во регионот Афар во Етиопија. Едно од двете солени езера во северниот крај на Данакил (другото е езерото Афрера), се наоѓа на 120 метри под нивото на морето. Вулканот Ерта Але е сместено југоисточно од ова езеро.
Вернер Мунцингер, кој патувал тука во 1867 година, запишал дека ова езеро се полнело од четири потоци: Дидик, Ала, Рира Гуди и Рагали или Авра, кој е единствениот постојан поток што се влева во езерото Карум.
Северно од езерото Карум се наоѓа поранешната рударска населба Далол. Езерото е многу солено и е опкружено со солница. Солта се транспортира со каравани до остатокот од земјата.
Галерија
Наводи
Категорија:Езера во Етиопија Категорија:Афар Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците