„Бисерни зборови“ — стихозбирка за деца на Христина Аслимоска од 2003 година.

Содржина Книгата содржи 33 песни, групирани во три циклуси:Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003. За човекот Добрина Најголемо богатство Детство Детска соба Мојот телевизор Печка Роденден Песна за мирот Не за војна За црквата св. Илија За црвен крст Порака Најубавите очи Осми март Моите наставници Мојата учителка Мојата другарка Баба Емилија Тетка ми Докторот Нова година Елка За природата Убавините на летото Пристигнување на пролетта Мај Златна есен Зима Зимски пејзажи Не сакам ваков свет За животните Срна Верверичка Зајак Мечка

Технички податоци Книгата е објавена од издавачката куќа Летра во рамките на едицијата „Независни изданија“. Книгата, со димензии од 48 страници, е испечатена во печатницата „Летра“ во Охрид, во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Градската библиотека „Григор Прличев“, Охрид и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-115-03-6.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 2.

За делото Во својата рецензија на книгата, Јордан Спасески ја истакнува дарбата на младата поетеса да ги избере бисерните зборови и да ги сложи во бисерни песни кои ја галат душата на читателот.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 3. Милорад Душаниќ, исто така, ја пофалува употребата на лексиката со која поетесата која супешно ја остварува поставената цел. Според него, секоја песна блика од полет и емотивност, чувствителност и темпераментност, а во песните доминираат трудољубовата смисла за резон и хуманата благодарност. Оттука, тој ја смета поетесата за продолжувач на поетската традиција на Ванчо Николески.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 47.

Наводи

Категорија:Дела на Христина Аслимоска Категорија:Македонски дела од 2003 година Категорија:Појавено во 2003 година во Македонија Категорија:Книги од 2003 година Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Изданија на Летра Категорија:Стихозбирки за деца