Сидни Едвард Пеџет (англиски: Sidney Edward Paget, 4 октомври 1860 г. – 28 јануари 1908) бил англиски илустратор најпознат по неговите илустрации што ги доловувале приказните за Шерлок Холмс на Артур Конан Дојл во списанието „Стренд“ .

Живот Сидни Пеџет бил петто од деветте деца на Роберт Пеџет и Марта Пеџет (родена Кларк), професорка по музика. Во 1881 година, Пеџет се запишал во училиштето на Кралската академија. Тука се спријателил со Алфред Морис Батлер, студент по архитектура, кој можеби станал модел за илустрациите на Пеџет за д-р Џон Вотсон . Помеѓу 1879 и 1905 година, Пеџет придонел со осумнаесет слики, вклучувајќи девет портрети, за време на изложбите на Кралската академија.

Цртежите на Пеџет се појавиле во списанието „Стренд“, „ Пикториал Ворлд“, „Сфир“, „График“, „Илустратед Лондон Њус“ и списанието „Пал Мал“, а неговите дела биле добро познати и во Обединетото Кралство и во Соединетите Американски Држави. Тој обезбедил илустрации за детективските приказни за Мартин Хјуит од Артур Морисон и делата за Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл.

На 1 јуни 1893 година, Сидни Пеџет се оженил со Едит Хаунсфилд (1865—1942 или 1932?). Тие имале четири ќерки и два сина: Лесли Роберт (1894—1942); Винифред (1896); Едит Мјуриел (1897); Евелин Мереоа (1899); Берил Меј (1902—1955) и Џон Л. Паџет.

Сидни Паџет починал во Маргејт на 28 јануари 1908 година, на 47-годишна возраст, откако страдал од болки во градите во последните неколку години од својот живот. Според неговата смртница, причината за смртта била „медијастинален тумор, 3 години, исцрпеност“. Медијастиналните тумори се израстоци што се формираат во централниот дел од градниот кош. Состојбата е ретка, со непознати причини, а на почетокот на дваесеттиот век довела до болна и сигурна смрт.

Паџет бил погребан на гробиштата Ист Финчли . Двајца браќа, ХМ (Хенри Мариот) Пеџет (1856–1936) и Вол (Волтер Стенли) Пеџет (1862–1935) биле исто така успешни портретисти и илустратори.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Артур Конан Дојл Категорија:Шерлок Холмс Категорија:Починати во 1908 година Категорија:Родени во 1860 година Категорија:Англиски илустратори