Тун () — алпско езеро на Бернската Висорамнина во Швајцарија, а името потекнува од градот Тун, кој се наоѓа на северниот брег од езерото. Езерото зафаќа површина од 48,3 км2, со што е најголемото шварцајско езеро кое целосно се наоѓа во еден кантон.

Езерото се создало по последниот леден период. По 10 век, се одвоило од езерото Бриенц, додека претходно двете езера биле споени, како Венделзе („Езеро Вендел“). Највисоката точка на сливот на езерото е Финстерархорн на 4.274 метри надморска височина.

Сливното подрачје на езерото Тун, што зафаќа приближно 2.500 км2, често предизвикува локални поплави по обилни дождови. Ова се случува бидејќи реката Аре (), која истекува од езерото Тун, има ограничен капацитет да се справи со вишокот истекување. Езерото се напојува со вода од езерото Бриенц на југоисток, што е 6 метри повисоко од езерото Тун и од разни потоци во висорамнината, вклучувајќи го и Кандер.

Во 1835 година, патничките пароброди почнале редовно да вршат сообраќај на езерото. Десет патнички бродови, што ги управувала локалната железничка компанија BLS AG, ги опслужуваат градовите Интерлакен и Тун; бродскиот канал Интерлакен и бродскиот канал Тун го поврзуваат езерото со западната железничката станица Интерлакен и железничката станица Тун.

По Втората светска војна се до 1964 година, швајцарската влада се ослободила од неупотребената муниција во езерото Тун. Се тврди дека количината на фрлена муниција е меѓу 3.000 и повеќе од 9.020 тони.

Наводи

Категорија:Арски слив Категорија:Езера во Швајцарија Категорија:Страници со повеќеделни слики во автоматски размер Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците