За македонската народна приказна собрана од Марко Цепенков, видете Силјан Штркот. Приказната за Силјан — македонски документарен филм од 2025 г., произведен и режиран од Тамара Котевска. Филмот ја следи приказната за еден земјоделец што спасува повреден бел штрк, по што меѓу двајцата се создава длабока врска.

Филмот имал светска премиера надвор од конкуренција на 82-от меѓународен кинофестивал во Венеција на 29 август 2025 г. Бил предложен и како македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар меѓународен долгометражен филм на 98-то доделување на Академските награди. Премиерата на филмот во Македонија била на 4 јануари 2026 г.

Содржина Филмот го следи Никола, земјоделец во Македонија, кој не може да ја продаде својата земја и земјоделските култури поради новите владини политики. Неговото семејство го напушта во потрага по подобра иднина во странство. Никола наоѓа работа како чувар на депонија, каде што наидува на повреден бел штрк, кој го нарекува Силјан. Никола ја спасува птицата, по што меѓу нив се создава длабока и нераскинлива врска.

Производство Филмот бил финансиран од студиото Concordia Studio, а меѓу извршните продуценти биле Дејвис Гагенхајм и Лорен Пауел Џобс.

Премиера Приказната за Силјан ја имал својата светска премиера надвор од конкуренција на 82-от меѓународен кинофестивал во Венеција на 29 август 2025 г. Исто така, бил прикажан и на Меѓународниот кинофестивал во Торонто на 10 септември 2025 г.

Во септември 2025 г., компанијата National Geographic Documentary Films ги откупила светските права за распределба на документарецот. Тие планираат филмот првично да биде прикажан во кината, а подоцна истата година да биде достапен и на платформата Disney+, по завршувањето на фестивалската турнеја.

Премиерата на филмот во Македонија била на 4 јануари 2026 г.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски филмови Категорија:Македонски документарни филмови Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Филмови од 2025 година