Циронкa или цирон — традиционално македонско јадење од риба што потекнува од Преспанското Езеро.

Солење и сушење Циронката се прави од преспанска белвица. Свежата риба се чисти и се посолува со многу сол додека не стане белузлава. Потоа, рибата се остава во сад шест до седум дена. Садот мора да биде покриен, а покрај рибата може да се стави и малку коприва. После тоа, рибата се ниже со игла и конец во низи и се остава да се суши на сончево време, додека не се стврдне. Вака исушената риба може да се користи во текот на цела зима.

Подготовка на јадењето

Состојки За оброк за четворица потребни се следните состојки: 15-16 циронки нане, црвен пипер, буковка масло оцет 2 чешниња лук

Подготовка За да се подготви за јадење, циронката се потпекува од двете страни и се става во жешка вода за да се отсоли. Водата се менува најмалку двапати. Циронката се реди во „паница“ се става малку нане, црвен пипер, масло, оцет и лук. Се остава течноста да се впие во нив, а потоа се меки. Вообичаено, се јадат со макало.

Изрази Сув како циронка - многу слаб човек

Поврзано Преспанска белвица

Наводи

Категорија:Јадења од риба Категорија:Македонска кујна Категорија:Грчка кујна Категорија:Албанска кујна