десно|мини|215x215пкс|Periophthalmus gracilis, вид на кална риба која седи на копно. Калнарите претставуваат вид риба што оди. Одечката риба, позната и како амбулаторна риба, е риба која има способност да патува по копно подолг временски период. Постојат и други невообичаени движења на рибите како на пример „одење“ по морското дно, кое е карактеристично за Brachionichthyinae или Antennariidae.

Видови на одечки риби мини|250x250пкс| Пацифички скокачки блени ( Alticus arnoldorum ) скокање Најчесто, рибите кои се движат по копно се водоземни риби. Овие риби имаат способност да поминат подолго време надвор од вода и користат голем број средства за движење, вклучувајќи скокање, странично бранување и одење. Oxudercinae покрај тоа што се најдобро адаптирани на копно во споредба со другите риби, тие имаат и способност да поминат неколку денови движејќи се надвор од вода. Anabantidae и покрај тоа што не „оди“, туку се движи потпирајќи се на продолжените рабови на жабрените плочи и туркајќи се со перките и опашката. Некои извештаи укажуваат дека се искачува и по дрвја.

Карактеристично за Hemiscyllium ocellatum е тоа што таа живее во плитки води каде што пливањето е прилично тешко. Освен овој факт, оваа ајкула често може да се види како оди по карпи и песок со помош на своите мускулни перки. Живее во области каде има големи варијации во длабочината на водата или поточно во места каде што е застапена плимата. Надвор од вода, таа може да преживее само неколку часа и е способна да оди по копно со цел да стигне до водена површина.

Постојат и риби кои се помалку вешти во вистинско одење, како што е Clarias batrachus. Покрај оваа способност, оваа риба обично има и друга способност, како на пример извиткувањето и може да ги користи своите пекторални перки со цел да си го олесни движењето. Clarias batrachus има респираторен систем со помош на кој можат да живеат и до неколку дена надвор од вода. Некои се инвазивни видови, како на пример, Channa argus во САД. Многуперките имаат рудиментирани бели дробови со помош на кои успеваат да се движат и на копно, иако несмасно.

Постојат риби кои умеат како да „одат“ по морското дно, но не и на копно. Едно такво животно е Dactylopteridae (без разлика на името, тој не лета и поради не треба да се меша со летачки риби). Bathypterois grallator, познат и под името „триподна риба“, е карактеристичен по своето стоење на три перки на дното од океаните и ловењето на храна. P. annectens ги користи своите перки за да се движи по дното на својот аквариум на начин сличен на кој водоземците и копнените ‘рбетници ги користат своите екстремитети на копно.

Еволутивна врска со копнените 'рбетници мини|Реконструкција на животот на розите Тикталик Копнените 'рбетници потекнуваат од девонскиот период воедно и се потомци на резноперките риби. Во 2006 година, бил пронајден фосил, кој имал карактеристики на зглобот, лактот и вратот што личат на оние на тетраподите и ја поддржуваат идејата дека претставува сестринска група на тетраподите.

Споредба на риби со карактеристики слични на четириношците Голем број на риби имаат карактеристики кои се поврзани со движењето кои се типични за четириношците.

Поврзано

Аксолотл, колоквијално познат како „одечка риба“; не е риба, туку опашкар, вид водоземец. Еволуција на рибите Категорија:Ихтиологија Категорија:Одечка риба