Стреловидна кучешка риба () — мала, малку позната длабоководна ајкула од семејството Centrophoridae.
Карактеристики Стрелестата ајкула има екстремно долга аголна муцка, без анална перка, мали први грбни и долги задни грбни боцки и дермални дентикули во облик на вила. Првата грбна перка е кратка и поставена високо на грбот. Ова е најмалата од родот Deania, со максимална должина од само 76 цм.
Распространетост Се наоѓа во Тихиот Океан околу Филипините, во Западниот Атлантски Океан покрај Каролините, во Источниот Атлантик по целиот западен брег на Африка и во Индискиот Океан покрај Јужна Африка.
Навики и живеалиште Оваа ајкула е малку познат длабоководен вид кој живее на длабочини помеѓу 300 и 1.785 метри. Таа е ововивипара со пет до седум младенчиња по легло. Се храни со коскени риби, лигњи и ракови.
Наводи
Категорија:Ајкули