десно|мини|300x300пкс|Спиењето кај птиците и цицачите може да се дефинира со затворање на очите и типични електрични шеми во неокортексот, но рибите немаат очни капаци и неокортекс. Сепак, овој Astronotus ocellatus е мирен ноќе, лежи на дното со очите свртени надолу и може да се каже дека спие. Дали рибите спијат или не, е прашање кое ги збунува луѓето и е причина за пишување на неколку научни популарни книги. Кај птиците и цицачите, спиење се дефинира со затворање на очите и присуство на електрична активност во мозокот вклучувајќи го и неокортексот. Но, рибите немаат очни капаци и неокортекс. Има претпоставки дека видовите кои живеат во јата и оние кои пливаат континуирано никогаш не спијат. Постои и сомневање дека истото се случува и со некои слепи видови риби кои живеат во пештери.

Според различни претпоставки, изгледа дека другите риби спијат. На пример, зебра рибата, тилапијата, линњак, американско сомче и Cephaloscyllium ventriosum стануваат неподвижни и малаксани за време на ноќите. Од друга страна за време на периоди како миграција, мрестење или пак грижа за младенчињата, спиењето може да биде нарушено или да исчезне.

Однесување на спиење Наместо да се набљудува мозочната активност со цел да се утврди дали рибите спијат, поедноставен начин е да се набљудува нивното однесување. Главните знаци кои укажуваат на сон кај рибите се:

Долги периоди на неактивност. Посебна положба на мирување, често во засолниште. Редовно менување помеѓу активност и одмор во текот на денот и ноќта. Потешко будење – животното не реагира лесно на надворешни стимули.

Врз основа на овие критериуми, голем број на риби покажуваат знаци на спиење:

Амриканското сомче лежи на дното со побавно срце и дишење и не реагира лесно. Тилапиите ноќе мируваат неподвижно и не реагираат на храна или струја. Некои ајкули лежат со затворени очи и побавен метаболизам. Други видови може дури да се фатат со рака без да се разбудат.

Студија од 1961 година со околу 200 видови риби во европски аквариуми потврдила дека кај многу видови риби се забележувало јасно однесување слично на сон.

Нуркачите често се сведоци на тоа дека за време на ноќите при што рибите се сместуваат во типични засолништа, како на пример дупки или пукнатини, под карпи, меѓу вегетација, во сунѓери или закопани во песок.

Физиолошки сон Една важна особина на спиењето се нарекува „хомеостатска регулација“. Тоа значи дека животните секој ден имаат потреба од одредена количина сон. Ако еден ден им се одземе сонот, следните денови спијат повеќе за да го надоместат. Овој ефект е забележан кај Danio rerio: ноќе тие мируваат во водата, понекогаш хоризонтално или со главата малку нагоре, дишат побавно и многу потешко се будат отколку преку ден. Ако им се прекине ова однесување, подоцна спијат подолго и се будат уште потешко – што покажува дека постои „повраќање“ на сонот. Слични реакции се забележани и кај други видови, како Amatitlania nigrofasciata и кафеавата пастрмка, кај кои активноста се намалува во деновите по нарушување на нивниот ноќен одмор.

Отсуство на сон десно|мини|Традиционално, махајана будистите верувале дека рибите никогаш не спијат, а рибата станала симбол на будност. На сликата е прикажан шуплив процепен тапан наречен дрвена риба или кинески храмски блок. Тие се користат при пеење сутри за да се одржи ритамот и да се потсетат будистите да останат будни. Многу риби што живеат во отворено море – како туна, скуша, сината риба и некои ајкули – постојано пливаат, а со тоа не покажуваат јасни знаци на спиење. Се смета дека една од главните функции на сонот е претворањето на дневните активности во меморија од страна на мозокот. Тоа е потешко ако животното постојано прима нови стимули и информации. Поради тоа, сонот служи како пауза за да се исклучи дел од сетилниот внес и да се овозможи создавање на спомени. Кај рибите што живеат во отворена вода, нови стимули се во мала количина. Токму затоа нивниот мозок може да формира мемории и додека пливаат, без да мора да спијат на класичен начин.

Некои популации како Astyanax mexicanus живеат во темни пештери. Површинските риби покажуваат 3-6 часа континуирана неактивност секој ден, што се толкува како сон, за разлика од рибите кои живеат во пештери и покажуваат континуирана активност, се сугерира дека сонот е изгубен за време на еволуцијата кај овие популации. Категорија:Ихтиологија Категорија:Сон