Агресијата се карактеризира со закани и физичка сила. Агресијата кај рибите главно зависи од видот на рибата, но вообичаени примери кои укажуваат на агресија кај рибите се бркање, напаѓање, гризење, покажување перки, промени во бојата и раширени жабри. Рибите користат агресивни однесувања со цел да одбранат територија, воспоставување доминација, да им се допаднат потенцијалните партнери и да ги заштитат своите наследници.
Агресивното однесување е присутно во две форми: покажување на закана и напади. При напаѓање двајцата противници директно ја покажуваат својата сила преку гризење или удирање со глава. Од друга страна, со помош на прикажување на закана, натпреварувачите индиректно можат ја проценат силата на противникот, а воедно е и побезбеден начин за решавање на меѓусебен конфликт.
Територијална агресија Рибните територии главно се управувани од една единка. Агресивното однесување често е видливо при заштитување на своите територии, при што рибата која се чувствува дома, ги напаѓа другите риби кои влегуваат на нејзината територија.
Агресијата кај рибите е поврзана со хормонот за раст, односно со самото зголемување на овој хормон, доаѓа до зголемување и на агресијата.
Наводи
Категорија:Ихтиологија Категорија:Агресија