Мерење на рибите претставува мерење на индивидуални риби и разни делови од нивните тела, за податоци што најчесто се користат во многу области на ихтиологијата, вклучувајќи таксономијата и рибната биологија.

Вкупна должина мини|300x300пкс|Пример за мерења на должина на риба. За стандардни равенки за тежина се користи вкупната должина. Оваа риба е тарпон. Стандардна должина е должината на рибата мерена од врвот на муцката до задниот крај на последниот пршлен или до задниот крај на средниот страничен дел од хипуралната плоча. Ова мерење ја исклучува должината на опашната перка. мини|Вкупна должина и должина на виљушката на рибата Вкупна должина е должината мерена од врвот на муцката до врвот на подолгиот лобус на опашната перка на рибата, обично мерена со лобусите компресирани по средната линија. Тоа е мерка по права линија, не се мери преку кривината на телото.

Стандардни мерења на должина се користат кај целокоскени риби, додека мерења на вкупна должина се користат кај Myxini, Petromyzontiformes и Elasmobranchii односно ајкули и ражи, како и кај некои други риби.

Овие мерења на вкупната должина се користат во прописите за ограничување на минимална големина за продажба.

Рибарските биолози често користат трета мерка за должината кај рибите со разделени опашки, наречена должина на виљушката, должината на рибата мерена од врвот на муцката до крајот на средните зраци на опашката, и се користи кај риби кај кои е тешко да се определи каде точно завршува 'рбетниот столб.

Должина на перките и дијаметар на окото Други можни мерења вклучуваат должини на перките кај рибите, должини на основите на перките и дијаметар на окото. лево|мини|600x600пкс|

Поврзано

Ихтиолошки термини Стандардна тежина кај рибите

Надворешни врски

Дијаграм на мерења на риби - Оддел за ихтиологија на Природонаучниот музеј на Флорида Категорија:Акваристика Категорија:Ихтиологија