„Детска игра“ (англиски: Child’s Play) – филм на режисерот Сидни Лумет од 1972 година, снимен по сценариото на Џои Хартстоун (Joey Hartstone). Главните улоги ги играат: Џејмс Мејсон, Роберт Престон и Бо Бриџис.РТС, Дечија игра (пристапено на 25.11.2025)
Синопсис Пол Рејс се враќа во католичкото средно училиште кое го завршил пред девет години, но сега како професор по физичко воспитување. Тој повторно се среќава со својот некогашен ментор и професор по англиски јазик, љубазниот Џозеф Добс, најпопуларниот член на наставничкиот совет, како и со Џером Мали, строгиот професор по класични јазици, кој не омилен кај учениците поради застарените наставни методи. Мали одбива да се пензионира, додека Добс сака да го преземе матурантскиот клас. Иако Малиевата мајка умира од рак, тој одбива да му го препушти местото на Добс. Спротивностите меѓу двајцата професори се одразуваат и врз учениците, кои во последно време се изложени на злонамерно малтретирање кое никој од вработените не го разбира.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1972 година Категорија:Филмови за училишта Категорија:Филмови на Сидни Лумет Категорија:Филмови со Џејмс Мејсон Категорија:Филмови со Роберт Престон Категорија:Филмови со Бо Бриџис