Григориј бил бугарски православен духовник, охридски и пелагониски митрополит на Бугарската егзархија.
Биографија Григориј е роден во Стара Загора, во 1853 година. На 6 декември 1890 година бил ракоположен за епископ со титула Макариополски.
Од 1891 година управувал со Охридската епархија на Егзархијата. На 6 август 1894 година е избран за митрополит Охридски. Веднаш по овој избор, на 15 август 1894 година, го осветил храмот Свети Кирил и Методиј во Ресен. Бидејќи, претходно, единствениот храм во градот, Св. Ѓорѓи бил под патријаршиска управа, населението во Ресен кое ја прифаќало јурисдикцијата на Егзархијата немало храм. Во 1897 година, Григориј ја изградил импресивната зграда на училиштето „Свети Климент Охридски“, денес седиште на Дебарско-кичевската митрополија. Откако бил добиен султански берет за егзархиски митрополит во Битола во 1897 година, тој станал митрополит пелагониски, а на негово место во Охрид бил поставен Методиј.
Белешки
Наводи
Категорија:Бугарска егзархија