Свети Ѓорѓи — нова гробишна црква во тетовското село Милетино, Македонија.

Веднаш до новата гробишна црква постои стариот истоимен црковен храм.

Местоположба

Црквата се наоѓа западно од селото, а околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Новиот црковен храм започнал да се гради на Ѓурѓовден во мај 2019 година, кога биле осветени темелите од страна на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Црковната камбанаријата била осветена во јули 2025 година, кога биле поставени и темели за нова трпезарија.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Милетино

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија