Свети Ѓорѓи — главна селска црква во мариовското село Пештани, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа северно од селото, зад последните куќи. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Во црквата и во дворот околу нејзе се наоѓаат повеќе осамени наоди од римското време.

Во ѕидовите на црквата има вградени повеќе мермерни сполии, и тоа: во јужниот ѕид плоча со грчки натпис, плоча со профилирано поле и грчки натпис и ара со релјефна претстава на коњаник и жена; во југоисточниот и југозападниот агол има база за столб и профилиран блок со грчки натпис. Пред западниот влез стои мермерна база и на неа мала ара, а пред југозападното ќоше испраен столб. Во ѕитчето што се потпира на црквата има две фрагментирани мермерни стели кои се доста излижани. На едната се претставени маж и жена, а на другата двајца мажи.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Пештани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија