Свети Илија — главна манастирска црква на Пештанскиот манастир „Св. Илија“ во мариовското село Пештани, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа западно од селото, вгнездена во една голема карпа.

Историја

Околу просторот на црквата се наоѓаат две археолошки наоѓалишта Пештера и Св. Илија,Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19 каде се претпоставува дека се наоѓа античкиот град Достонеи.

Црквата била подигната во 1950 година од страна на Стојанка Вршкоска, како што е запишано на нишата над главниот влез.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата не е живописана.

Икони и иконостас

Во црквата се наоѓаат бројни икони и поседува мал дрвен импровизиран иконостас.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Пештани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Илија во Македонија Категорија:Пештански манастир „Св. Илија“