Света Петка — главна манастирска црква на Пештанскиот манастир „Св. Петка“ во мариовското село Пештани, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа северно од селото.

Историја

Изградбата на црквата започнала во 1985 година и завршила во 1988 година.

Црквата се наоѓа на место каде некогаш постоел стар храм, па затоа околу него се наоѓаат десетина камени споменици, меѓу кои и два со натписи. Поголемиот број споменици се од бел мермер, но има и камени блокови од домашен камен. Пред влезот во црквата се наоѓа еден столб од мермер со квадратен пресек, два постаменти од кои едниот со полош облик, како и 3-4 камени блокови од домашен камен. Еден блок од домашен камен се наоѓа во манастирскиот двор.

Особено се интересни неколку мермерни елементи во просторот на апсидата на црквата. Најпрво како света маса (жртвеник) се поставени еден столбест блок со квадратен пресек и еден постамент со профилирани страни, поставен на столбот. На вертикалниот блок, кој служи како постамент за светата маса на една од страните има и натпис во, која за жал, тешко се чита поради оштетување на површината на блокот. Во близина е и еден фрагмент од мермерен столб со кружен пресек, а во десниот дел од олтарот се наоѓа уште еден мермерен блок со добро оформени страни, на кои се забележува, исто така, подолг натпис, но повторно оштетен и тежок за расчитување.

Сите овие мермерни споменици се вградени во подот на просторот од апсидата на црквата и упатуваат на стара градба од перидот на римското владеење, кога градот Достонеј претставувал своевиден центар на областа.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата не е живописана.

Икони и иконостас

Во црквата се наоѓа мал дрвен иконостас.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Пештани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Света Петка во Македонија Категорија:Пештански манастир „Св. Петка“