„Дијана и Ендимион“ — слика од Франческо Солимена, насликана од 1705 до 1710 година. Сликата ја прикажува римската божица Дијана, една од дванаесетте богови и божици на Олимп, како се вљубува во Ендимион, симбол на безвременска убавина. Приказната раскажува за љубовта на Дијана кон убавиот млад Ендимион. Сликата денес се чува во Националниот музеј во Ливерпул, кој ја купил сликата во 1966 година.
Сликар Сликарот Франческо Солимена потекнувал од уметничко семејство, а неговиот татко бил поетот и сликар Анџело Солимена. Франческо бил многу талентиран во уметноста уште од рана возраст, но неговиот татко, и покрај тоа што самиот бил уметник, го принудил својот син да студира за да стане адвокат. Кардиналот Винченцо Орсини, кој подоцна станал папа Бенедикт XIII, бил тој којшто го открил талентот на Франческо Солимена и го поддржал да стане уметник.
Дијана и Ендимион Во старогрчката митологија, божицата на месечината, Селена, ја возела својата месечева кочија низ небото, иако таа се сметала и за персонификација на самата Месечина. Селена е најпозна по нејзината афера со прекрасниот смртник Ендимион, младиот овчар кој спиел на планина и со кого имала педесет ќерки. Поетесата Сафо од почетокот на 6 век п.н.е. очигледно веќе ја знаела историјата на Селена и Ендимион. Во римската митологија, Дијана ги имала атрибутите на Селена и се споменува како божица која се вљубува во Ендимион. Двете божици се сметале за месечеви божици, освен фактот што во римската митологија, Дијана била и девица божица."Artwork highlights - 'Diana and Endymion', painted about 1705- 1710, by Francesco Solimena (1657-1747)". www.liverpoolmuseums.org.uk. Retrieved 5 March 2015.
Според легендата, Дијана доаѓала и го бакнувала Ендимион секоја вечер кога тој спиел на врвот на планината. Лесниот допир на Дијана делумно го разбудил Ендимион од неговиот сон и тој кратко ја погледнал. Не можејќи да верува во нејзината убавина, тој ја припишал на сон и почнал да ја претпочита својата состојба како сон пред секојдневните рутини, но никогаш не бил буден кога таа била присутна.Catullus, Carmina 66.5; Hyginus, Fabulae 271; Strabo, 14.1.8; Propertius, Elegies 2.15 ; Ovid, Heroides 15.89 ff., 18.59 ff.; Seneca, Phaedra 309 ff., 422 ff., 786 ff.; Valerius Flaccus, Argonautica 8.28 ff.; Lucian Aphrodite and Selene; Nonnus, Dionysiaca 2.325 ff., 4.195 ff., 4.213 ff., 5.516 ff., 7.237 ff., 13.553 ff., 41.379 ff., 42.266 ff., 48.582 ff., 48.667 ff.. Преку нејзината љубов, на Ендимион му била дадена вечна младост и безвременска убавина.This is according to a scholar on Apollonius of Rhodes 4.57, see Campbell, p. 197; Weigal, p. 281
Наводи
Категорија:Уметнички слики од 1700-тите Категорија:Италијански уметнички слики