Свети Пантелејмон — главна манастирска црква на Полчишкиот манастир во мариовското село Полчиште, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на врвот Панделе, до кој води земјен пат, кој се двои од локалниот земјен пат за селото Полчиште.
Историја
Црквата била изградена околу 1830 година од извесен Коле Папаров од дрвена граѓа. Така останал до изградбата на црквата од тврда градба.
Околу 1938 година на Тодија Рошков му се претскажало да изгради црква на истото место од тврда градба. Сепак, црквата била подигната на друго место за да не се сруши постојната црква, иако била од дрвена граѓа. Новата локација била утврдена на гребен од кој може да се гледа на сите страни. Во изградбата помогнале и луѓе од околните села, не само од Полчиште.
Новата црква била поголема, но сепак со скромни димензии и архитектура.
Црквата била осветена е од митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар на 11 октомври 1985 година.
Архитектура
Црквата има правоаголна форма, долга 7 метри, а широка 6 метри. Ѕидовите се од камен, со бел малтер. Покривот е со две косини, со мала купола. Направен е од понови материјали, со замена на стариот покрив, кој бил од камени плочи, со какви се покриени и најголемиот број куќи во Мариово. Има две врати, од западната и јужната страна.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Полчиште
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храмови посветени на Свети Пантелејмон во Македонија Категорија:Полчишки манастир