мини|255x255пкс|Подводен хокеј Подводен хокеј (, во Англија познат и како Octopush) — вид хокеј каде екипите се натпреваруваат под вода. Овој спорт е дел од Светската конфедерација за подводни активности.The History of Underwater Hockey
Подводниот хокеј настанал во Англија во 1954 г., кога Алан Блејк, сопственик на новоформираниот клуб во приморското одморалиште Саутси, ја измислил играта и ја нарекол Octopush. Целта била да се задржат членовите на клубот активни во текот на зимските месеци, кога нуркањето во отворено море не е привлечно. Денес овој спорт се игра низ целиот свет, а првото Светско првенство во подводен хокеј се одржало во Канада во 1980 г. Во 1984 г. било одржано и првото Светско првенство за жени.
За време на играта, која се одвива во базен, се натпреваруваат две екипи од по десет играчи, опремени со перки, маски, дишалки и палки. Шест играчи учествуваат во играта, а четворица се замени. Целта на играта е да се постигне гол со придвижување на пакот (англ. Puck) со помош на палката по дното на базенот кон противничкиот гол. Играта трае сѐ додека не се постигне гол или додека судијата не ја прекине (поради прекршок, тајмаут или крај на периодот). Натпреварот се состои од две полувремиња со траење од по 10 до 15 минути (на светските првенства по 15 минути) и краток интервал за одмор помеѓу нив, обично три минути. Судењето го вршат двајца судии во вода (со нуркачка опрема) и еден главен судија покрај базенот.
Опремата на играчите вклучува: дишалка, капа за ватерполо, маска за нуркање, перки, палка, пак и ракавици.
Головите се со ширина од 3,36 метри, изработени од алуминиум или нерѓосувачки челик и се поставени на дното на базенот на спротивните страни на теренот. Тие имаат вдлабнатина во која треба да се внесе пакот. Зад гол-линијата има ѕид; ако пакот удри во него и се одбие без да падне во вдлабнатината, голот сепак се признава.
Интересно е што постои и варијација на подводниот хокеј — подмрзнат хокеј, каде што натпреварот се одвива под површината на замрзнато езеро или базен.
Наводи
Надворешни врски
Official CMAS UWH Commission page Alan Blake - How Octopush was created Official WAA web page Championship Records Underwater Hockey Tourist Video of an underwater hockey game USA vs. South Africa
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Подводни спортови Категорија:Екипни спортови