Кара Буоно (родена на 1 март 1971 година) е американска глумица. Своето филмско деби го имала во Гладијатор (1992) и добила признание за нејзините улоги во разни телевизиски емисии, вклучувајќи ги Закон и ред (1996–2024), Момците од Медисон (2010), а глумела и како Карен Вилер во серијата на Нетфликс „Почудни нешта“ (2016–2025). Нејзините улоги ѝ донеле номинации и за наградата „Прајмтајм Еми“ за најдобра гостинска актерка во драмска серија и за наградата „Дејтајм Еми“ за најдобра изведувачка во детска програма .

На филм, Буоно има настапено во бројни проекти од нејзиното деби во 1992 година, при што меѓу нејзините најзначајни улоги се вбројуваат Хулк (2003), во кој ја толкувала улогата на Едит Банер, Пушти ме внатре (2010), Добар брак (2014), Хартиени градови (2015), Сите светци (2017), Чудовишта и луѓе (2018) и Таа дојде од шумата (2022).

Ран живот и образование Буоно бил родена како ќерка на Розмари (родена Десидериошоли; 1930–2023) и Ентони Буоно (1927–2021) и таа е израсната во Бронкс, општина во Њујорк, во работничко семејство со италијанско потекло. Таа има двајца браќа и една сестра.

Таа учела во средното училиште „Фиорело Х. Ла Гвардија“ и дипломирала на Универзитетот Колумбија со двојна насока - англиски јазик и политички науки, кои што ги завршила за три години. Своето актерско деби го имала во претставата „Споукхаус“ на Харви Фирстајн на 12-годишна возраст.

Кариера Буоно продолжила да работи на сцената и на Бродвеј и надвор од Бродвеј, а својата филмска кариера ја започна заедно со Итан Хоук и Џереми Ајронс со улога во Водна земја (1992). Голем дел од нејзината работа придонесува во инди-филмови како што се Чатни попкорн (1999), Среќни несреќи (2000), Следна станица на чудата (1998) и Две нини (1999), кои таа ги продуцирала. Во 1999 година, таа имала мала улога како младиот Гери Каминс во ТВ-филмот Длабоко во моето срце (1999).

Таа глумеше во последната сезона на драмската серија на NBC Трета стража (1999) како болничарката Грејс Фостер, како и во играниот филм за Хулк од Марвел Комикс во режија на Анг Ли, од 2003 година каде што ја толкуваше мајката на алтер егото на главниот лик, Брус Банер.

Ја играла Кели, сопругата на Кристофер Молтисанти (Мајкл Империоли), во дводелната последна сезона на драмската серија HBO Сопранови, која се емитуваше во 2006 и 2007 година. Таа се појавила и како д-р Феј Милер во четвртата сезона на драмската серија Момците од Медисон Авенија, за која добила номинација за Еми за најдобра гостинска актерка во драмска серија во 2011 година.

Личен живот Буоно живее во Гринич Вилиџ во Њујорк со својот сопруг Питер Тум, основач на Етос Вотер, и нивната ќерка.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски театарски глумици Категорија:Италоамериканци Категорија:Американски филмски глумици