Црква „Света Богородица“ () — православна пештерна црква крај селото Туминец во Албанија. Кај мештаните е позната под името „Св. Марина кај Глобоко“, бидејќи се наоѓа само на стотина метри источно од манастирскиот комплекс посветен на оваа великомаченица што била целосно обновена во 1888 година.

Местоположба Оваа пештерна црква се наоѓа на педесетина минути источно од селото Туминец, во пазувите на карпестиот предел Орлов Рид, на десетина метри од македонската граница. Издигната е на височина од десетина метри, а монашкото живеалиште е издигнато на околу триесетина метри над водите на Преспанското Езеро.

Опис Една од најубавите и највпечатливи претстави на Света Богородица со малиот Христос од типот Умиление во полукружна ниша пред главниот влез. Нишата е полукружна, украсена со растенија и глави на два лава. Внатрешноста изобилува со насликани композиции на Големите празници и светителски ликови. Од сочуваните натписи се дознава дека зограф на ова сликарство бил сликарот Алексиј, ученик на Јован Зограф, во времето на игуменувањето на јеромонахот Пајсиј кој воедно бил и ктитор. Според Теофан Попа овие слики биле создадени кон крајот на 13 и почетокот на 14 век.

Наводи

Категорија:Пештерни цркви во Албанија Категорија:Цркви во Горичката митрополија Категорија:Споменици на културата во Албанија Категорија:Пустец (општина)