28 години подоцна: Храмот на коските () — постапокалиптичен филм на ужасите од 2026 г., во режија на Нија Дакоста, а по сценарио на Алекс Гарланд. Филмот е снимен веднаш по неговиот претходник, 28 години подоцна (2025), и претставува четврто продолжение во филмскиот серијал 28 дена подоцна. Главните улоги ги толкуваат Ралф Фајнс, Џек О’Конел, Алфи Вилијамс, Ерин Келиман и Чи Луис-Пари.
Филмот бил објавен од страна на Sony Pictures Releasing под етикетата на Columbia Pictures во Обединетото Кралство на 13 јануари 2026 г., како дел од двојна проекција заедно со неговиот претходник, додека самостојно започнал да се прикажува следниот ден, на 14 јануари. Во Соединетите Американски Држави филмот бил објавен на 16 јануари 2026 г. и добил главно потврдни одзиви од кинокритичарите. Филмот заработил 47 милиони долари ширум светот, со што станал вториот филм со најголема заработка во 2026 г.
Премиерата на филмот во Македонија била на 15 јануари 2026 г.
Содржина Дејството на филмот се одвива по настаните од првиот филм. Спајк е примен во бандата на акробатски убијци на сер Џими Кристал во постапокалиптична Англија, зафатена од вирусот на гневот. Во меѓувреме, д-р Ијан Келсон доаѓа до смртоносно откритие, чии последици можат да го променат светот.
Улоги
| Рејф Фајнс || д-р Ијан Келсон |- | Џек О’Конел || сер Џими Кристал |- | Алфи Вилијамс || Спајк |- | Ерин Келиман || Џими Инк / Кели |- | Чи Луис-Пари || „Самсон” |- | Ема Лејрд || Џимима |- | Килијан Марфи || Џим
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Американски филмови за зомбија Категорија:Американски постапокалиптични филмови Категорија:Филмови за вируси