Детска градинка „Сонце“ - Ново Село (официјално: ЈОУДГ „Сонце“ - Ново Село) ― детска градинка што се наоѓа во струмичкото село Ново Село, Македонија.

Местоположба

Градинката се наоѓа меѓу индивидуални куќи во средишниот дел на Ново Село, сместена на улицата Први Мај.

Историја

Градинката била основана во 1976 година и до крајот на септември 2015 година била дел од детската градинка „Детска радост“ од Струмица. Почнувајќи од 1 октомври 2015 година, градинката работи како посебна установа и до денес го носи името „Сонце“.

Располага со капацитет за 100 деца и во нејзин состав влегуваат кујната, спортската сала, пет занимални и двор со детски парк.

Објектот на градинката бил реновиран во 2017 година, при што се работело на подобрување на изолацијата преку поставување на нова термофасада, отстранување на азбестниот покрив и поставување на нов лимен покрив со изолација, нови ПВЦ прозорци и врати, подобрени системи за водовод и канализација, инсталирани соларни колектори за производство на топла вода за градинката, замена на постоечкото осветлување со ново енергетски ефикасно.

Галерија

Наводи

Надворешни врски „Сонце“ на општинската страница

Категорија:Детски градинки во Македонија Категорија:Ново Село (Струмичко)