Џордан Вокер Рос (роден 1990) е американски глумец најпознат по улогата на Малиот Џејмс во христијанската историска драма, телевизиската серија „Избраните“.

Ран живот Рос бил роден во Арлингтон, Тексас, во 1990 година. Роден е два месеци предвреме. Како резултат на тоа, има церебрална парализа, сколиоза и астма. Тој бил школуван дома и се запишал во државно училиште во деветто одделение. Дипломирал на конзерваториумот за филмски и драмски уметности KD во 2010 година.

Кариера Првата улога на Вокер Рос бил Тини Тим во локалната постановка на „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс. Тој го играл Микел во вестерн мини-серијата 1883 (2021-2022) на Парамаунт+. Го играл Капетан Ла Форс во историскиот игран филм „Оклопот на Вашингтон: Патувањето“ (2022). Според него улога на Малиот Џејмс во „Избраните“ дошла во совршено време бидејќи немал работа најмалку четири години. Рос глумел и во христијанскиот научно-фантастичен трилер „Смена“ (2023), напишан и режиран од Брок Хисли. Џордан е водител на подкастот „Што е твоето куцање“

Личен живот Вокер Рос е во брак со Стејси Рос. Тој има церебрална парализа, сколиоза и астма, за кои сведочел во медиумите. Според неговите зборови, бил предмет на малтретирање. Неговата здравствена состојба негативно влијаела на неговата актерска кариера. Тој рекол дека бил изненаден кога Далас Џенкинс го замолил да го направи својот хендикеп дел од ликот на „Избраните “. Оттогаш, тој се залага за видливост на хендикепите и се обидува да ги инспирира другите. Џордан е внук на актерот Бери Корбин.

Наводи

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Американски глумци