Џон Мартин Мар (31 октомври 1963 година) — ирски музичар, пејач и текстописец роден во Англија. Првпат станал познат како гитарист и ко-текстописец на „Смитс“, кои биле активни од 1982 до 1987 година. Оттогаш настапувал со голем број други бендови.
Роден и израснат во Манчестер, Англија, од ирски родители, Мар го формирал својот прв бенд на 13-годишна возраст. Тој бил дел од неколку бендови со Енди Рурк пред да ги формира бендот „Смитс“ со Мориси во 1982 година. „Смитс“ постигнале комерцијален успех и биле критички признати, а гитарскиот стил на Мар, џангл-поп, станал препознатлив дел од звукот на бендот, но се разделиле во 1987 година поради лични разлики меѓу Мар и Мориси. Оттогаш, Мар е член на „Притендерс“, „Д“, „Електроник“, „Модест Маус“ и „Крибс“, и станал плоден сесиски музичар, работејќи со имиња како што се Кирсти Мекол, „Пет Шоп Бојс“, „Токинг Хедс“, „Брајан Фери“ и Ханс Цимер.
Откако го издал албумот насловен како „Бумсленг“ во 2003 година под името „Johnny Marr and the Healers“, Мар го издал и својот прв соло албум, „Месенџер“, во 2013 година.
Опишан од Алексис Петридис од „Гардијан “ како „најинвентивниот и најпрепознатливиот гитарист од 1980-тите“, Мар бил избран за четврти најдобар гитарист во последните 30 години во анкета спроведена од Би-Би-Си во 2010 година. Фил Александар, главен уредник на „Моџо“, го опишал како „веројатно последниот голем стилист за гитари во Британија“.
Наводи
Категорија:Добитници на NME награда Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис
Категорија:Гитаристи