мини|260x260пкс|Светилник Ротес Клиф Светилник Ротес Клиф — светилник на островот Зилт, Германија, кој служел како секторско светло од 1913 до 1975 година. Се наоѓа на карпа северно од селото Кампен.
Историја Светилникот бил изграден помеѓу 1912 и 1913 година како секторско светло за да ги предупредува бродовите за песочен насип при пристапот кон поморскиот канал Листер Тиеф и да има додаток на главното светло во Кампен, 2,5 километри јужно. Станал во функција во 1913 година и бил електрифициран во 1936 година. До неговото деактивирање во 1975 година, го одржувале чуварите на светилникот Кампен. Кога Ротес Клиф бил изгаснат, главното светло во Кампен ја презело работата со црвен дел од светлото. Денес кулата служи како дневен знак без никаков објект за осветлување и е во сопственост на општината Кампен, која финансирала реставрација на кулата во 1993 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Зилт Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Светилници во Германија