Радерфордин — минерал што содржи речиси чист уранил карбонат (UO2CO3). Кристализира во орторомбичниот систем во проѕирни летвичести, издолжени, најчесто зрачечки маси. Има специфична тежина од 5,7 и покажува два правци на расцепување. Се појавува како кафеави, кафеаво жолти, бели, светло портокалови или светло жолти флуоресцентни инкрустации. Познат е и како дидерихит.
Првпат бил опишан во 1906 година кога бил пронајден во регионот Морогоро во Танзанија. Бил именуван по Ернест Радерфорд. Пријавен бил во Демократска Република Конго, Северната територија на Австралија и на различни локации низ целиот свет.
Се јавува како секундарен минерал како производ на атмосферските влијанија на уранинитот. Покрај уранинитот, се јавува поврзан со ретките минерали бекерелит, масујит, шоепит, касолит, курит, болтвудит, вандендришеит, билиетит, метаторбернит, формариерит, студит и склодовскит. Се формира под кисела до неутрална pH вредност и е единствениот познат минерал што содржи само уранил и карбонат.
Наводи
Извори Палаче, К., Х. Берман и К. Фрондел (1951) Системот на минералогија на Дана, 7-мо издание, том II, стр. 274–275. Категорија:Радиоактивни минерали Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Карбонатни минерали