мини|271x271пкс|ОЕМ-фотографија на трепкари од родот Collinia — ендопаразитоиди на раковидни животни. Паразитоид — организам што поминува значителен дел од својот живот (во стадиум на ларва) живеејќи на или внатре во својот единствен домаќин, кој постепено го убива во процесот на хранење. На тој начин, тие се слични на паразитите, со таа разлика што паразитите обично не го убиваат својот домаќин. Возрасните стадиуми на паразитоидите (имаго) се слободноживечки организми.
Поимот „паразитоид“ бил воведен во 1913 г. од страна на шведско-финскиот ентомолог О. М. Ројтер (Reuter, 1913) и прилагоден во англиската верзија од американскиот мирмеколог Вилијам Вилер.
Видови паразитоиди Класификацијата на облиците на ендопаразитизам е развиена врз пример на инсектите од редот ципокрилци (Hymenoptera).Каспарян Д. Р., 1996. (руски)
Идиобионти (Idiobiont) — на крајот го убиваат домаќинот (жртвата) и, речиси без исклучок, живеат надвор од него. Коинобионти (Koinobiont) — му дозволуваат на домаќинот да го продолжи својот развој и често не го убиваат сѐ до стадиумот на кукла или стадиумот на имаго. Ендопаразитоиди — се развиваат внатре во домаќинот (жртвата). Ектопаразитоиди — се развиваат однадвор, на телото на домаќинот. Хиперпаразитоиди или паразитоиди од повисок ред (hyperparasitoid, secondary parasitoid).
Во фантастиката Темата за паразитоидите активно се користи во научнофантастичните филмови на ужасите (широко познат е Осмиот патник, кој и ја започнал истоимената франшиза) и во компјутерските игри (на пример, „хедкраб“ во серијалот игри Half-Life).
Наводи
Категорија:Паразитологија