Доминик Вилар (роден на 14 ноември 1745 година во Ле Вилар, а починал на 26 јуни 1814 година во Стразбур) — француски ботаничар.

Неговото главно дело е „Историја на растенијата во Дофине“, објавено помеѓу 1786 и 1789 година, во кое се опишани околу 2.700 видови (особено алпски растенија), по повеќе од дваесет години набљудување во регионот Дофине во Југоисточна Франција. Неговиот хербариум и ботанички ракописи се зачувани во Музејот на природната историја во Гренобл.

Наводи

Надворешни врски "Un Dauphinois mal connu : Dominique Villars", by Henri Chollat "L'histoire des plantes de Dauphiné", by D. Villars

Категорија:Починати во 1814 година Категорија:Родени во 1745 година Категорија:Француски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки