Серено Вотсон (1 декември 1826 – 9 март 1892) — американски ботаничар. Работел како кустос во хербариумот на Харвард и како ботаничар на научната експедиција „Геолошки истражувања на четириесеттата паралела“.
Научна кариера Во јануари 1866 година, Вотсон се запишал на Научното училиште во Шефилд, каде што студирал хемија и минералогија една година. Во март 1867 година, тој отпловил за Калифорнија, но без никакви планови. Во јули, отишол на научна експедиција предводена од геологот од Јеил, Кларенс Кинг. Ботаничарот на експедицијата, Вилијам Витман Бејли, бил болен, па Вотсон му помогнал да собира и зачувува растенија. Тој ја презел функцијата „задолжен ботаничар“ откако Бејли ја напуштил експедицијата во март 1868 година. Вотсон собирал примероци низ Невада и Јута, па сè до планините Уинта на исток.
Во есента 1869 година, Вотсон се вратил во Јеил за да работи на примероците што ги собрал, соработувајќи со професорот Даниел Кеди Итон. Кон крајот на 1870 година, тој се приклучил на хербариумот на Харвард. Во 1871 година, објавил том 5 од публикациите на Геолошкиот завод на четириесеттата паралела, вклучувајќи го и „Каталогот на познатите растенија на Невада и Јута“. Каталогот од 426 страници идентификувал 1.325 растителни видови и го сочинувал првиот список на целата позната флора на западна Северна Америка.
Во 1873 година, професорот Аса Греј го назначил Вотсон да служи како негов асистент во Греј хербариумот на Харвард. На 29 јуни 1874 година, Вотсон станал кустос на хербариумот, позиција што ја држел до смртта. Од 1881 до 1883 година, исто така бил назначен како инструктор по фитологија и фитогеографија на Универзитетот Харвард. Тој направил неколку колекционерски патувања, вклучително и во Монтана во 1880 година и Гватемала во 1885 година. Вотсон бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1874 година, за член на Националната академија на науките во 1889 година, и за странски член на Линејското друштво во Лондон во 1890 година.
Вотсон се специјализирал за систематска ботаника и растителна таксономија, објавувајќи серија од осумнаесет трудови насловени како „Придонеси кон американската ботаника“ на страниците на „Зборникот на трудови на Американската академија на уметности и науки“ . Објавил неколку научни монографии, вклучувајќи ја „Ботаника на Калифорнија“ (1880), и повеќе од 100 статии и прегледи во голем број научни списанија.
Смрт и наследство Вотсон починал на 65-годишна возраст на 9 март 1892 година, во Кембриџ, Масачусетс. Починал како резултат на повторлива глобална пандемија на грип; болеста му го оштетила срцето. Бил погребан на гробиштата Маунт Обрн. Никогаш не се оженил, ниту имал деца.
Избрани дела
Ботаника, во Извештај за геолошкото истражување на 40-тата паралела направено ... од Кларенс Кинг, 1871
Наводи
Надворешни врски
Биографска скица на локацијата на Греј Хербариум Портрет (плоча VI) и некролог од Џон Мерл Култер (137–141) Публикации од и за С. Вотсон на WorldCat
Категорија:Апсолвенти на Јејл Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Починати во 1892 година Категорија:Родени во 1826 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари