Птичји граор (Vicia cracca) — вид цветно растение кое спаѓа во семејството Бобови. Потекнува од Европа и Азија. Се јавува и на други континенти како воведен вид, вклучувајќи ја и Северна Америка, каде што е чест плевел. Најчесто се јавува во места со нарушени живеалишта, вклучувајќи ги и старите полиња и рововите покрај патиштата.

Опис Птичји граор спаѓа во семејството Fabaceae и е сличен на грашокот по раст, со искачувачки стебла што достигнуваат висини до 150 сантиметри.Parnell, J. and Curtis, T. (2012). Webb's An Irish Flora. Cork University Press. Испушта разгранети ластари слични на јамката од врвовите на листовите кога ќе дојде во контакт со друго растение, при што безбедно ќе се прицврсти. Ова може да предизвика „давење“ на помалите растенија. Едно растение може да достигне должина (или висина) од 2 метра со бел корен, кој може да се протега до 1 метар. Листовите се 3-8 сантиметри долги, пердувести, со 8-12 пара ливчиња, каде што секое ливче е 5-10 милиметри долго.

Растението брзо расте и цвета обилно, испуштајќи од 10 до 40 еднострани гроздовидни цветови во облик на грашок, кои се извишуваат од лисната пазува, во текот на доцниот пролетен период до крајот на летото. Цветовите најчесто се посетуваат од страна на бумбарите; кога цветовите паѓаат, се појавуваат ситни светло зелени мешунки од семе кои имаат должина од 10-20 милиметри, и тогаш започнуваат да се формираат.Clapham, A.R., Tutin, T.G. and Warburg, E.F. (1968). Excursion Flora of the British Isles. Cambridge University Press. . Птичји граор е многу сличен на влакнестиот граор (Vicia villosa), но се разликува од него поради своето мазно стебло. лево|мини|Мешунки и семиња Семенските мешунки се со должина од 2 сантиметри и содржат 6 до 8 семки.Webb, S.A., Parnell, J. and Doogue, D. (1996). An Irish Flora. Dundalgen Press Ltd. Dundalk. . Тие наликуваат на семки од мал грашок. Ситните семки се зрели кога мешунките ќе поцрнат. Незрелите семки се отечени и имаат зелена нијанса, но се одолеваат кога ќе созреат. Мешунките се движат од светло-кафеава до темно-кафеава боја со црни точки.

Дистрибуција Vicia cracca води потекло од Европа и Азија, но се дистрибуира и во некој области во Северна Америка.

Одгледување и употреба лево|мини|Со Bombus sylvarum Птичји граор е широко користен како фуражна култура за говеда и е корисен за други растенија, бидејќи како и другите мешункасти растенија, ја збогатува почвата во која расте со својата азотофиксација. Птичји граор е исто така многу „ценет“ од страна на пчелите и пеперутките како извор на нектар. Растението може да се користи и за спречување на ерозијата.

Сопствениците на домашни миленици — птици, како што се тигрица, често го користат Птичји граор за исхрана, но покрај тоа можат да се исхрануваат и со лисја.

Неговата употребливост како покривна култура и извор на зелено ѓубриво го поттикна воведувањето и одомаќинувањета на Птичји граор далеку надвор од неговиот автохтон опсег. Во Северна Америка, растението е одомаќинето од јужна Канада до северниот дел на Јужна Каролина; во некои области се смета за инвазивен плевел и неговата продажба може да биде регулирана.

Птичји граор може да биде потенцијално штетен вид во областите каде што не е автохтон. Тој може да ги истисне автохтоните растенија, особено во области со нарушени почви каде што гравот може целосно да доминира, пред другите растенија да имаат шанса. Ова е особено заканувачки за проектите за реставрација на прериите и другите природни живеалишта или рекултивација на земјиштето во Северна Америка.

Наводи

Надворешни врски Рачен третман на Џепсон Профил на растенија од USDA Музеј Вашингтон Бурк Фото галерија

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Фуражни култури Категорија:Флора на Европа Категорија:Глушина Категорија:Флора на Македонија