Heliotropium dolosum — вид на растение опишано од De Not. Heliotropium dolosum е вклучен во родот Heliotrope и семејствоBoraginaceae.

Опис Едногодишно растение, 10–45 см високо. Стеблото вертикално, неразгрането или од основата разгрането, со густи, куси и со ретки долги влакна. Листовите 1,5–3 см долги, 0,7–1,8 см широки, јајцевидни, копјести или елиптични, од горната страна со поретки куси влакненца на брадавичести израстоци, од долната страна со густи, куси влакненца, по жилите со погусти влакна, по рабовите со ресести влакна. Цветовите приседнати или на куси дршки, собрани во врвни и странични соцветија, 4–15 цм долги. Чашката до основата разделена, а чашкините сегменти 2,5–3 мм долги, 1–1,5 мм широки, копјести до линејно-копјести, густо влакнести, по работ ресести. Венчето 3–5 мм долго, бело, а венечната трубичка кусо-влакнеста, венечните сегменти заоблени, по работ брановидно извиени, голи, мазни.

Плодот од 4 оревчиња, 1,2–1,5 мм долги, јајцевидни, од грбната страна испакнати, со брадавички, од стомачната страна сплескани, рабовите нејасни, голи, мазни.

Расте на камењари, брдски пасишта, покрај обработливи ниви и на рудерални места, на различна геолошка подлога, до околу 800 метри надвомрска височина.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 81, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Во Македонија Познат за Демир Капија, Прилеп, Мариово, Кочани и Гевгелија. Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија