Heliotropium supinum е вид на растение опишано од Карл Линеј. Heliotropium supinum е член на родот Heliotrope, кој е дел од фамилијата Heliotropaceae.
Опис Едногодишно растение, до 20 см високо. Стеблото разгрането од основата, централното стебленце вертикално издигнато, страничните гранки полегнати; густо влакнести, густо покриени со куси, прилегнати четинести влакна и со подолги стрчести влакна. Листовите 2–3 см долги, 0,5–2 см широки, јајцевиди до елиптични, во основата клиновидни, кон врвот заострени, покриени со густи, куси влакна; нерватурата на листовите од долната страна силно изразена; дршките 4–6 мм долги. Цветовите собрани во куси, збиени монохазијални соцветија, на куси дршки или приседнати. Чашката 2–3,5 мм долга, густо влакнеста, плитко всечена на 5 куси запци. Венчето до 3 мм долго, од надворешната страна речиси целосно покриено со густи прилегнати влакненца, а венечната трубичка до 2 мм долга. Проширениот дел од венчето има дијаметар од 0,5–1 мм, и по боја е бел.
Плодот се состои само од едно оревче, голо, 3–4 мм долго, 2–2,5 мм широко.
Расте по засолени почви.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 81-82, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Во Македонија Во Македонија ова растение познато е дека го има единствено на Овче Поле.
Галерија
Наводи L., 1753 In: Sp. Pl.: 130 World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World
Надворешни врски
Категорија:Бубаќарка Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија