Dianthus quadrangulus — вид каранфил опишан од Јозеф Веленовски. Припаѓа на родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.
Опис и распространетост Повеќегодишно растение, високо до 40 см. Стеблото е исправено, четириаглесто, сивозелено и голо, со бројни ситни брадавички на површината. Листовите при основата на стерилните гранчиња се до 1 мм широки, преклопени, сивозелени, со заострен врв и голи; стеблените листови се пошироки, 0,5-1(-2) мм, плоснати, по рабовите и жилите на долната страна груби поради ситни бодлести израстоци; лисните ракавци се 8-10 пати подолги од нивната ширина. Цветовите се собрани по 3-6 во ретки главичести соцветија. Прицветниците и чашкините лушпи се кожести, најчесто белузлави или светлокафеави, елиптични или обратно овални, на врвот нагло стеснети во подолг шилест осил; кај прицветниците осилот е подолг од нив, а кај чашкините лушпи покус. Чашкините лушпи се четири, по рабовите малку набрчкани и со обоен тесен ципест раб, со осил што стигнува до средината на чашкините запци. Чашката е долга 11-14 мм, пурпурна и цилиндрична; чашкините запци се 3-3,5 мм долги, широко триаглести, со широк ципест раб и кусо заострени на врвот; ламината на венечните ливчиња е 4 мм долга, неправилно назабена, пурпурна и со влакна во основата.
Се среќава на брдски и планински пасишта со силикатна подлога, до 1700 м надморска височина. Ова е ретко растение, распространето во источните делови на Македонија, познато за Пехчево, планината Кадиица и Делчево.
Галерија
Наводи
Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија