десно|мини|250x250пкс|Фотографија од 1917 година. Николај II со својот син Алексеј во прогонство во Тоболск пилат дрво на магаричка. Магаричка — направа што се користи при пилење огревно дрво. Најчесто се состои од штици или потенки заковани дијагонално, во облик на буквата X, поврзани со попречни шипки. Дрвото што се сече се поставува попречно
Користењето на магаричка го олеснува и забрзува сечењето дрво кога човек работи сам (без разлика дали користи рачна или моторна пила), бидејќи направата го држи дрвото и спречува да се врти.
На две магарички се поставувала штица и направата служела како скеле. Во таков случај, обликот на магаричката не е Х, туку само долниот дел од Х.
Конструкција Класичната магаричка е направена од дрво (модерните модели се од алуминиум или челик). Гредите или штиците се приковуваат заедно за да образуваат X. Потоа, два, три (или повеќе) сета од нив се поврзуваат со дополнителни штици за да се обезбеди целата конструкција да одржува соодветна цврстина и да може да ја издржи тежината на дрво што се сече.
Направата е особено корисна при сечење огревно дрво и подебели трупци.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Секачи