Милан Тепиќ (26 јануари 1957 – 29 септември 1991) – мајор во Југословенската народна армија за време на Хрватската војна за независност.
Во септември 1991 година, на Тепиќ му била доделена задача да брани магацин за муниција во селото Хрговљани, веднаш надвор од Бјеловар. По поразот на бранителите на градот во опсадата на касарната Бјеловар, Тепиќ наредил евакуација на магацинот, додека самиот останал. Потоа детонирал експлозив за да спречи запленување на складираната муниција, оружје и друга опрема, при што се жртвувал себеси и единаесет хрватски војници.
Последици Мајорот Милан Тепиќ бил прогласен за народен херој на Југославија и бил последниот човек што ја добил оваа титула.
Во Хрватска се смета за воен злосторник бидејќи неговото дејствие претставувало закана за градот Бјеловар.
Улици во Белград, Бања Лука, Козарска Дубица Вршац, Зрењанин, и Сремска Митровица се именувани по него. Исто така, постои споменик на Милан Тепиќ на неговата улица во Белград. Една улица во Нови Сад исто така била именувана по него сè до нејзиното менување во 2004 година.. Во Република Српска, Медалот на мајорот Милан Тепиќ, кој се доделува за храброст, е именуван по него.
Поврзано
Стеван Синѓелиќ, војник кој извршил сличен чин речиси 200 години претходно за време на Првото српско востание
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Срби во Босна и Херцеговина Категорија:Починати во 1991 година Категорија:Родени во 1957 година