Одметници (, ) — јужнокорејски криминалистички акционен филм од 2017 г. во сценарио и режија на Канг Јун Сунг. Главните улоги ги толкуваат Ма Донг Сок и Јун Кје Санг. Филмот бил премиерно прикажан на 3 октомври 2017 г.

Дејството е сместено во 2004 г. и се врти околу детективот Ма Сок До (Ма Донг Сок), кој се обидува да воспостави контрола врз војните меѓу кинеско-корејските банди во маалото Карибонг, додека истовремено се соочува со суровиот лихвар по име Џанг Чен (Јун Кје Санг).

Содржина Ма Сок До е детектив во Кумчон, во областа Куро во Сеул. Тој и капетанот Џон Ил Ман се обидуваат да го одржат мирот додека две месни кинеско-корејски банди — бандата „Отрови“ предводена од Ан Сунг Те и бандата „Кобри“ предводена од Џанг И Су — се борат за контрола врз Кинескиот Кварт.

Џанг Чен, крвожедниот водач на кинеската банда „Црн змеј“, која се занимава со лихварство, повлекува жестоки потези за да го преземе Кинескиот Кварт заедно со своите соработници Сунг Рак и Јанг Те. Тие го убиваат Сунг Те и го преземаат казиното на Џанг И Су. Разбеснет, Џанг И Су се обидува да го врати казиното, при што неговите луѓе влегуваат во пресметка со Сунг Рак и Јанг Те. Меѓутоа, прекинати се од Ма, кој го апси Сунг Рак, но Јанг Те успева да побегне и да го известува Чен.

Ма и Џон дознаваат за злосторствата на Чен и започнуваат акција за негово апсење. Во меѓувреме, Чен и Јанг Те го напаѓаат Џанг И Су на роденденската забава на неговата мајка, наизглед убивајќи го. Хванг, сопственик на хотел, чии луѓе исто така биле убиени од Чен, испраќа свои луѓе да го ликвидираат Чен од одмазда, но тој успева да избега. Чен подоцна се обидува да го убие Хванг за возврат, но не успева. Очаен да го сопре ескалирачкото насилство, Ма бара помош од жителите на Кинескиот Кварт за да го фатат Чен и неговите лихвари; тие се согласуваат и почнуваат тајно да ги фотографираат членовите на бандата за да ги утврдат.

Ма и неговите колеги полицајци поставуваат стапица и ги апсат сите членови на бандата, вклучувајќи го и Јанг Те, но Чен успева да им побегне. Полицаецот Канг Хонг Сок го забележува Чен и го брка; Чен за малку ќе го прегазел со автомобил пред Ма да го спаси со својата кола. Ма го брка Чен, но го губи од вид, само за да открие дека тој ги нападнал жителите што му помагале на Ма. Тие му откриваат дека Чен планира да пребега во Кина.

Џанг Чен стигнува до аеродромот, каде што Ма го пресретнува во тоалетот. По жестока борба, Ма успева да го совлада Чен и го остава со лисици на рацете. Членовите на бандата се уапсени, а комесарот му честита на Џон за успешноста на акцијата. Додека Ма и неговиот тим се подготвуваат да прослават, комесарот го повикува Ма да истражи нов случај.

Улоги

| Ма Донг Сок | Ма Сок До |- | Јун Кје Санг | Џанг Чен |- | Џо Џе Јун | Хванг Чун Сик |- | Чои Гви Хва | капетан Џон Ил Ман |- | Им Хјунг Џун | До Сунг Ву |- | Џин Сон Кју | Ви Сунг Рак

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови на корејски јазик Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Јужнокорејски филмови